„Светот го зафаќа глобална катастрофа. Во последното вселенско летало кое се подготвува да замине од Земјата има место за само уште еден патник – студент од УКИМ. Зошто токму вие и вашата академска дисциплина би го заслужиле тоа место? Кои знаења би биле клучни за обнова на цивилизацијата?“
Ова е кус увод во дебатата „Чамец за спасување“ која ќе се одржи на 16 февруари на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Студентите по етнологија и антропологија ги канат своите колеги од цел УКИМ да се придружат во одбележувањето на Меѓународниот ден на антропологијата (16 Февруари) низ игра-дебата со интересно, научно-фантастично сценарио.
– Покажете дека вашата дисциплина е најпотребна за одново градење на цивилизацијата и освојте награда – последното место во вселенскиот брод кој заминува од Земјата (плус ранче со најпотребните продукти) – велат организаторите од ИЕА.
Пријавувањето (поединечно или во тим од по двајца) кај Душица Брачиќ [email protected], најдоцна до 10 февруари.