Светски натпревар во решавање шаховски задачи во Скопје

Во просториите на приватното средно училипте „Јахја Кемал“ во Скопје денеска во 10.30 часот ќе се одржи 19. Светски натпревар во решавање шаховски задачи, International Solving Contest (ISC 2023). Натпреварот го организира Светската федерација за шаховска композиција, истовремено на повеќе локации во светот.

– Предмет на решавање се шаховски проблеми и студии: матови во два потега (2#), матови во три потега (3#), матови во повеќе потези (n#), студии (+/=), помошни матови (h#) и самоматови (s#) – објаснува Сурија Таук, член на управниот одбор на Шаховската федерација на Македонија

Натпреварот опфаќа три категории на решавачи:

– Прва категорија, со или без меѓународен рејтинг во решавање, и која се бодува за рејтинг. Се одржува во две кола со траење од по 120 минути. Предмет на решавање во секое коло се по еден 2#, 3#, n#, студија, h# и s#.

– Втора категорија, решавачи без рејтинг или со рејтинг помал од 2000, и која се бодува за рејтинг. Се одржува во две кола со траење од по 120 минути. Предмет на решавање во првото коло се два 2# и по еден 3#, n#, студија и s#, а во второто коло еден 2#, два 3#, и по еден n#, студија и h#.

– Трета категорија, млади решавачи, родени по 31 декември 2009 година. Се одржува во едно коло со траење од 120 минути. Предмет на решавање се четири 2#, еден 3# и една студија.

Повеќе информации и правилата на натпреварот на линкот.

Сподели