Изложба на експериментални фотографии во Македонска Каменица

За прв пат во Домот на културата во Македонска Каменица е отворена самостојна изложба на експериментални фотографии на Стојанче Величковски од Крива Паланка. Авторот се претстави со 50 фотограми што ќе бидат изложени во наредните неколку дена.

Идејата настанала пред 15 години, а првите фотограми се практично создадени без фотоапарат, вели авторот. Ставени се објекти врз осетлива фотохартија и на тој начин се создава уметничко дело, вели тој.

Сподели