Песни од писателот Стефан Марковски се застапени во првиот број од годинашното издание на „Академија“ – списание за литература, наука, историја, култура и филозофија во Естонија. Списанието излегува на месечно ниво во универзитетски центар во земјата, Тарту. Песните од Марковски на естонски јазик ги препеа Јури Талвет, емеритус професор по компаративна книжевност на Универзитетот во Тарту.
Списанието „Академија“ излегува од 1989 година во издание на естонскиот весник „Сирп“. Од 1990 година излегува како месечник.
Претходник на сегашното е истоименото списание на студентски друштва кое излегувало во Тарту од 1937 до 1940 година, во чија редакција учествувале познатите естонски интелектуалци и академици Ханс Круус и Алфред Коорт, како и естонскиот државник Антс Пиип (1920-1921).
Содржината на првиот број за 2023 година од списанието е достапна на линкот.





