Поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски за делото „Коњски житија“ ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во ракопис за 2022 година што го објави Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Поемата која пристигнала под шифра „Џамбаз“ едногласно била одбрана од 11-те пристигнати дела.
Зоран Анчевски е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга, меѓународната награда „Џакомо Леопарди“ во Италија, како и на највисоките национални награди за поезија „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата и за превод „Григор Прличев“ и други. Приредил и превел на англиски јазик антологиски избори на македонска поезија и куса проза, а избори од неговата поезија се преведени и објавени на повеќе од дваесет јазици во странски списанија и антологии.
Фотографија: Струшки вечери на поезијата