Охриѓанката Симона Трповска постави македонски рекорд во техничко нуркање. На 24 декември таа се спушти до 102 метри длабочина во Црвено Море во Египет. За подвигот се подготвувала една година, а ѝ помогнал искусен инструктор од Египет, кој го држи светскиот рекорд во длабинско нуркање, објави порталот „Охридњуз“.

Тровска вели дека мора да се поминат интензивни тренинзи и едукација за да де спуштуш на длабочини поголеми од 100 метри. Таа е рекреативен нуркач од 2007 година, а со техничко нуркање почнала да се занимава лани, по предлог на нејзината пријателка Ирина Милошевска, првата жена технички нуркач во Македонија.

Симона Трповска
– Контактирав повеќе инструктори, но најголем впечаток ми остави Ахмед Габр, инструктор од Египет кој го држи гинисовиот рекорд за најдлабоко нуркање од 332,5 метри. После неколку разговори се договоривме да почнам со тренинзи – вели Трповска.
Покрај националниот рекорд во длабинско нуркање, таа го добила и меѓународниот сертификат Advanced Trimix Diver, за техничко нуркање до 100 метри – највисок сертификат за длабинско техничкото нуркање, кој овозможува нуркање со мешавина од три гасови (хелиум, кислород и азот), кои се комбинираат во согласност со планираната длабочина.

Со тренерот Ахмед Габр
Фото: Охридњуз





