Поткаст со Филип Петковски, кореограф, режисер, танчер (ВИДЕО)

Филип Петковски се занимава со танц, културно наследство, фолклор, режија. Тој е голем поборник за зачувувањето на македонското културно наследство, а традиционалниот танц е негов најголем интерес. На различни начини се обидува да зборува на темата, создавајќи свои танц-кореографии, проекти. Тој е дел од тимот што е вклучен во проектот за кандидатура на Скопје за „Европска престолнина на културата“ за 2028 година. „Популус“, „Вита“, „Витро“ се само дел од проектите што во последните неколку години ги создаде тој.

Петковски е еден од соговорниците во поткастите кои се дел од проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“. Низ 10 видеопоткасти што ги изработи тимот на Умно.мк во изминатиот период, зборувавме за културата, љубовта кон уметноста во полошкиот крај, мултикултурниот живот и заедничките соработка.

Проектот е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на овој видео материјал, како и наодите што се изнесени во него одговорно е исклучиво Здружението „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина – Полог“ од Гостивар и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

 

Сподели