Скопје и Будва во потесен избор за титулата „Европска престолнина на културата“ за 2028 година

Скопје, заедно со црногорскиот град Будва влегоа во потесен избор за титулата Европска престолнина на културата за 2028 година во земја од Европската економска област, земја-кандидат или потенцијален кандидат за член на ЕУ. Десетмина независни експерти го предложија потесниот избор. Будва и Скопје ги поднесоа своите апликации до рокот што беше до 11 ноември.

-Да се биде избран во најтесен избор може да значи придобивка на значајни културни, економски и социјални придобивки за градовите, претпоставувајќи дека нивната кандидатура е дел од подолгорочна стратегија во културата на самата држава. Градовите најдоцна до летото 2023 година треба да ги комплетираат нивните апликации, а во септември ќе се одлучи за победникот. Нови Сад во Србија е годинашна културна престолнина, а за две години тоа ќе биде градот Бодо во Норвешка.

Во иста година ќе има два други Европски престолнини на културата, еден во Чешка и еден во Франција.

Како градовите стануваат Европски престолнини на културата?

Процедурата за избор оди во две рунди: рунда за предселекција, во која има листа на градови кандидати и конечна финална селекција по отприлика децет месеци.

Градовите кандидати треба да подготват културна програма со силна европска димензија и мора да имаат подолготрајно влијание и да придонесат во долгорочниот развој на градот. Градовите мора исто така да покажат дека имаат поддршка од релевантните јавни локални авторитети и капацитет да го реализираат проектот.

Родена во 1985 година, од идеја на тогашната грчка министерка за култура, Мелина Меркури, Европската претстолнина на културата прерасна во еден од најамбициозните културни проекти во Европа и една од најдобро познатите и почитувани активности на ЕУ. Целта е да се промовира разноликоста на културите во Европа, да се истакнат заедничките начела што ги споделуваат и да помогнат преку култура да се постигне подолгорочен развој на градовите.

Сподели