Песна на Јовица Ивановски објавена од музички состав од Белград (ВИДЕО)

Песната „Отвори го прозорецот“ во издание на дискографската куќа „Попдепресија“, а во изведба на белградскиот музички состав Ема & Џими е авторско дело на нашиот поет Јовица Ивановски. Тој ги напишал текстот и музиката за оваа песна во 1994 година. Освен белградскиот состав, на песната настапува и Јулија Костелучи.

Видеото е достапно на „Јутјуб“, аудиото на „Бендкамп“, а од средината на јануари и на сите дигитални платформи.

Спотот е дело на Јулија Кастелучи и е своевиден омаж за Скопје. Ема (Емилија Ѓорќевиќ) е член на групата КОИКОИ, Џими (Никола Мијушковиќ) на групата „Турбо транс туристи“ и ова им е трет заеднички проект.

 

Сподели