150 дела на академски графичари што учествувале на Графичката работилница „Софија“ од Богданци, деновиве ги подари „Халканк“ на своите соработници и партнери и на тој начин ги поддржа младите уметници во земјава. Традиционалните новогодишни корпоративни подароци беа заменети со автентични уметнички дела изработени од талентирани уметници од Македонија, велат од Халкбанк.

– На овој начин практично ја заокружуваме 2022 година во која поддржавме и организиравме голем број настани и работилници што ја поттикнуваат креативната енергија кај луѓето, а пред сè, кај децата. Испраќаме порака дека за нас како банка важни се луѓето, нашите партнери и соработници, но важни се и уметниците и уметноста – изјави Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје.
Мораме сите заедно да работиме за уметноста да си ги најде своите пат и место во општеството, вели Виктор Семенпеев, претседател на здружението што ја организира Графичката работилница „Софија“ од Богданци.
– Ова е навистина позитивен гест од Халкбанк затоа што сметаме дека мора сите заедно да работиме за уметноста да го најде својот пат и своето место во нашето општество. Графиките беа создадени во неколку различни техники и станува збор за уникатни уметнички дела, кои се извор на личната инспирација на графичарите кои работеа на нив. Оваа поддршка е дополнително важна, бидејќи годинава ја организиравме 15-та јубилејна работилница, а секако веќе се подготвуваме за следното издание, кое ќе одржи во август в година – вели Семенпеев.

Халкбанк во 2022 година беше вистински и искрен пријател на уметноста и клутурата. Банката го
поддржа Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“, организираше креативни работилници за деца во повеќе градови и донираше детски катчиња, книги и сликовници во библитеките во Струмица, Штип и Кавадарци. Исто така, банката беше поддржувач и на Beach Film Festival и Галичник филм фестивал, потоа манифестацијата „Култура под небото“ што се оддржуваше на отворената сцена на балетското школо „Булфрогс“ во Паркот на франкофонијата и која всушност претставуваше проект за подобрување на физичкиот и менталниот развој на децата и младите и за поттикнување на едукација во културната сфера, како и проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, проект посветен на македонскиот народ, односно проект кој ја воздигнува и афирмира македонската традиција.





