„Ангелот“ од Златко Крстевски на триенале во Јапонија

Со делото „Ангелот“, уметникот Златко Крстевски учествуваше на меѓународното триенале „Ечиго Цумари“ во Нигата, Јапонија. Кураторот на изложбата, Тадаши Мајама селектирал дела од 400 уметници од 40 земји, меѓу кои Британија, САД, Холандија, Франција, Иран… Изложбата ја посетиле 13.000 посетители. За изложбата е израбоетена специјална публикација во колор со делата, кои ќе останат во рамките на уметничката галерија.

Сподели