НАкС организира дискусија за Законот за високо образование

„Законот за високото образование: Искуства од примената и потреба од промени“ е насловот на отворената дискусија која Независниот академски синдикат ќе ја одржи утре во 11 часот во Кинотека на Македонија. Пред присутните ќе се обрати проф. д-р Елена Џукеска, претседатлека на НАкС, а Законот за високо обраозвание поделен на три секвенци ќе го анализираат проф. д-р Неда Здравева и проф. д-р Маја Стевановиќ.

Целта на дискусијата е да се идентификуваат искуствата од спроведувањето на Законот за високото образование (ЗВО) во сите негови аспекти – од гарантирањето на автономијата и начинот на нејзината реализација, до одговорноста на високобразовните установи за спроведување на законот и идентификување на неговите слабости.

– НАкС смета дека единствено врз основа на така идентификуваните состојби би требало да се артикулираат потребите за измена и дополнување на Законот – велат од НАкС.

На отворената дискусија НАкС ги повикува сите членови на академската заедница, органите на управување во високобразовните установи и клучните институции за високото образование. Дискусијата ќе биде структурирана според поглавјата на Законот за високото образование.

Сподели