„Најсреќниот човек на светот“ најдобар на фестивал во Атина

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска ја освои наградата за најдобар филм на 35. Панорама на европски филм што се одржа во Атина. Филмот е награден во меѓународна натпреварувачка секција доделена од страна на Панхеленичкото здружение на филмски критики (ПЕКК).

Во своето 35-годишно постоење, „Панорама на европски филм“ се наметна како уметничка институција која секоја есен го означува културниот живот на Атина. Овој фестивал е ориентиран кон истакнување на европската и грчката кинематографија, модерната како и постара, без игнорирање на кинематографијата од остатокот од светот.

„Најсреќниот човек на светот“ е веќе откупен за кино дистрибуција во Грција од страна на „АМА Филмс“, што претходно го дистрибуираше „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“

Сподели