Околу 300 ученици на државното првенство во шах во „Јахја Кемал“

Државно првенство во шах за основно и средно образование ќе се одржи денеска во приватното училиште „Јахја Кемал“ во скопската населба Карпош. Натпреварот го организираат Федерацијата на училиштен спорт на Македонија, во соработка со Шаховската федерација на Македонија и училишниот спортски клуб „Јахја Кемал“.

На Државното првенство се очекува да учествуваат околу 300 ученици, а најинтересните партии ќе можете да ги следите во живо, на Chess Club Gambit Asseco-See & Friends.

Сподели