Дела од колонијата Crown Art во Прилеп

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата на дела од интернационалната ликовна колонија Crown art, што се реализира во хотелот Crown во Неа Скони, Грција , од 17 до 23 септември. Ќе бидат изложени дела на: Ајнур Махмудова Каплан, Зивер Каплан, Нехат Беќири, Линдита Беќи, Томе Мишев, Драги Хаџи Николов, Татјана Стојановска Медарова, Мирза Жупљанин, Деспина Агелополу, Катерина Ѓорѓевиќ, Вахит Акан, Осман Камбер, Светислав Славковиќ, Милош Милосављевиќ, Александра Димитрова, Анита Огњнановска, Мануела Мандиќ, Александар Поповски, Димитар Димитров, Владимир Темков, Ахмет Есер Копрулу, Мелихат Тузан и Фехим Хусковиќ. Организатори на колонијата се Татјана и Тони Илиовски.

– Сведоци сме на тоа дека уметноста е коренот на нашата душа, на традицијата и љубовта на луѓето. Уметниците пак инспирирани и водени од нивниот креативен ум секојдневно се трудат да создадат и остават нивен белег во опшеството во кое денес живееме, дозволувајќи ни нас преку нивните дела да ја пронајдеме светлината,мирот и тишината, да се спознаеме себеси со сите овие работи кои ги носеме во себе. Следејќи ја уметноста и нивната работа бевме инспирирани и поттикнати и ние како фамилија Илиовски да оставиме белег за нашето постоење за нашите деца и поколенија што доаѓаат по нас – велат Илиовски.

Сподели