„Нема да си сама“ на Столевски – австралиски претставник за „Оскар“

Филмот „Нема да си сама“ на Горан Столевски ќе биде кандидат на Австралија за странски филм на претстојните Оскари 2023. Филмот на режисерот роден во Македонија, а кој гради кариера во Австралија, имаше светска премиера на „Санденс“ годинава, каде беше номиниран за наградата „Драматична награда од публиката“. Оттогаш посети многу фестивали во САД, Австралија, В.Британија.

Во Скопје беше организирана европска премиера на филмот во рамките на „Синедејс“, а имаше и редовна кинодистрибуција.

„Нема да си сама“ е копродукција помеѓу Австралија, Србија и В. Британија. Во филмот играат: Сара Климоска, Нооми Рапас, Анамарија Маринка, Карлото Кота, Камка Тоциновски и други.

Сподели