„В/редности и вредности“ e насловот на дебатата која во три панели денеска и в понеделник ќе се одржи во Народната банка. Врвни експерти и професионалци од областа на економијата, уметноста и природните науки ќе дебатираат за процесот на осамостојување и градењето на современиот економски систем; за новите глобални економски предизвици и соочувањето со нив; за создавањето на културните и уметнички вредности.
Првиот панел денеска во 11 часот ќе го отвори Анита Ангeловска-Бежовска, гувернерка на Народната банка. Панелисти во овој дел се академиците Абдулменаф Беџети и Таки Фити, поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, универзитетските професори Никола Поповски, член на Советот на Народната банка и Силвана Мојсовска од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Модератор е економскиот новинар Мирче Јовановски.
Дебатата е дел од активностите за чествување на 30 години монетарна самостојност во чии рамки во тек е истоимената изложба
„В/редности и вредности“. Дебатата ќе се одржи во ентериерот на поставката, а ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на Народна банка.





