Се поплави МНТ (ВИДЕО)

Поплавен е Македонскиот народен театар. Невремето што деновиве го зафати Скопје направи голема штета во најновиот театарски објект во градот чија изградба чинеше милиони евра. Поплавена е главната сцена, малата сцена, уништено е фоајето. Во исчекување на одговор од директорката на Македонскиот народен театар, Симона Угриновска, објавуваме фотографии и видео од поплавените делови.

МНТ најaви дека денеска ја отвора новата сезона со гостување на претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен во режија на Нина Николиќ, во Србија.

 

Сподели