Две награди во Сараево за развој на новиот филм на Дина Дума

Режисерката Дина Дума освои две награди на програмата CineLink Industry Days каде учествуваше со својот нов проект „Скејтбордингот не е за девојчиња“ (Skateboarding is Not for Girls). Станува збор за долгометражен филм што младата Дума го развива заедно со Лидија Мојсовска. Наградите ги доби од Српскиот филмски центар и од Словенечкиот филмски центар и се однесуваат за понатамошниот развој на филмот.
Продуцентка на филмот е Лабина Митевска.

– Многу сум среќна за наградите. Наградите ќе ни помогнат во развојот на проектот. Посебно ми е драга наградата што се вика Female Voices што ја доделува Словенечкиот филмски центар. Жирито донесе одлука врз база на сценариото и по нашата презентација – изјави за Умно.мк, Дина Дума.

Пред Сараево, филмот беше дел и од програмата La Residence du Cannes, каде што се пишуваше сценариото.
Кога конзервативната традиција за продажба на невеста станува решенија за финансиски семеен проблем, Адела се втурнува во целосно нов свет каде што е ставена меѓу традиционалните и модерните вредности. Ова е основата на вториот долгометражен филм на Дума.

Првиот филм на Дина Дума, „Сестри“ освои десетици награди по европски фестивали, меѓу кои и на Карлови Вари.

Фотографија: Сараевски филмски фестивал

Сподели