Марш за 8 Март во знак на женската сиромаштија

„Овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена од системот, а продлабочена како резултат на двегодишната пандемија со ковид-19 и нејзините последици“, велат од Платформата за родова еднаквост. Традиционалниот марш почнува денеска во 12 часот пред Владата.

– На овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што ние жените сме еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаме еднаквост во речиси ниту еден аспект од нашите животи, на работа или дома, во политиката и социјалниот живот. На 8 Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, свесни сме за секојдневните системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни. Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како еднакви, е држава во која нема напредок. Општество во кое жените се невработени и преработени, незаштитени, виктимизирани, објективизирани и лишени од своите права, е сиромашно општество – велат тие.

Маршот ќе заврши во Паркот Жена борец каде ќе има уште едно обраќање.

Сподели