Со ѓубре е затрупан видиковецот под средно Водно крај Скопје. На сите страни се расфрлани лименки, ќесиња, пластични шишиња, отпушоци. Посебна е глетката кон панорамата на Скопје. Еден куп ѓубре има на падината, позади металната заштитна ограда. Околу малиот паркинг има мали канти за отпадоци, и тие се преполни со ѓубре.










