Повторно е отворен за јавноста Музејот на Народната банка во Скопје. Нумизматичката збирка која важи за една од највредните во земјава може да се посети секој работен ден од 9 до 15 часот. Влезот е бесплатен. Групни посети се достапни, со задолжително закажување, информираат од Музејот. Времетрањето на една посета е околу 30 минути. Според протоколот за посета, во моментов бројот на едновремени посетители во постојаната музејска поставка не може да биде повеќе од десетмина. За празници и викенди поставката е затворена.

Музејот е составен дел на Народната банка и затоа работното време е врзано со тоа на институцијата. Нумизматичката збирка е поделена на 14 подбирки: пајонски, антички македонски, антички грчки монети, келтски, илирски, римски републикански монети, римски империјални, римски провинцијални монети, византиски, монети на средновековните балкански држави, венецијански монети, збирка псевдопарични форми, медали, пломби и ексагии, отомански монети и збирка модерни пари.

Еден дел од монетите се изложени во рамките на камерната, а друг дел во рамките на постојаната музејска поставка. Повеќе информации ТУКА.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.