Археолошко документирање во атарот на Наколец

Систематска проспекција на теренот во атарот на селото Наколец, Преспа изведоа археолози од Археолошкиот музеј од Скопје во соработка со Рурскиот универзитет во Бохум, Германија.
Археолозите пронашле и документирале површински траги од населби од хеленистичкиот, римскиот и средновековниот период, како и остатоци од две наколни живеалишта.

– Станува збор за пилот проект, кој од наредната година ќе прерасне во долгорочна соработка помеѓу овие две институции – велат од Археолошкиот музеј.

Со истражувањето раководеа д-р Барбора Вајсова и д-р Дамјан Донев, а останатиот дел од тимот го сочинуваа Радомир Ивановиќ од Археолошки музеј, д-р Аксел Мис, м-р Вера Долежалкова, м-р Ана Лиса Шнајдер, м-р Анкатрин Бенз, Клариса Хаубентал и Марк Клаус.

Фото: Археолошки музеј на РСМ

Сподели