Тактилна изложба во Заводот и музеј во Битола

Тактилна изложба со мотиви од постојаната поставкa е отворена во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола. Презентирани се 22 нови тактилни слики изработени за лицата со оштетен вид. На паноата се поставени текстови на брајово писмо, тактилни слики, фотографии и текст.

Раководителка на прокетот е Ирена Ружин, а координатор Јове Парговски. Описи на предмети направија кустосите Мери Стојанова, Ефросинија Паревска, Јасмина Гулевска, Енгин Насух, Владо Ѓорески, Слободан Стојковски и Оливера Макриевска. Надворешни соработници на проектот се Татјана Мијатович, Милена Милошевиќ-Мициќ, Андријана Шокларовска, Силвана Петрова-Насух, Катерина Шарковска, Михаил Марковски, студио „Гимел“, Весна Софрониевска, Александар Котевски и студио „Кочов“.

Изложбата може да се посети со закажување во мали групи. Во рамките на проектот се изработени и 22 нарации со описи за предметите и 22 видеа на знаковен јазик.

Сподели