17.700 луѓе го видоа „Барби“, 9.800 – „Опенхајмер“ во „Синеплекс“

За три недели, филмот „Барби“ во скопското кино „Синеплекс“ го видоа 17.700 луѓе, додека „Опенхајмер“ – 9.800, велат од киното. Овие бројки се заклучно со синоќешните проекции. Огромен интерес владее за двата светски филма, и покрај тоа што се уште траат летните одмори. „Барби“ во Скопје почна да се прикажува на 20 јули, додека ден пред тоа беше премиерата на „Опенхајмер“.

Филмот „Барби“ на Грета Гервиг заработи над милијардна долари од продажбата на билетите низ САД и ширум светот за околу две недели, соопшти „Ворнер брос“.

Студиото објави дека филмот заработил 459 милиони долари во домашните киносали и 572.1 милион надвор од САД. Во режија на сценаристката-режисерка Грета Гервиг, во филмот глумат Марго Роби и Рајан Гослинг во главните улоги како Барби и Кен.

Приказната за Опенхајмер и неговиот удел во создавањето на атомската бомба исто така предизвикува голем интерес во „Синеплекс“. Филмот на Кристофер Нолан веќе се смета за нова светска класика.

Сподели