Уметноста не е лесна, најмалку едноставна работа, но затоа е многу благородна!

Современата стварност е визуелна и медиумски посредувана стварност. Уметноста е едно од можеби последните места каде опстојува вистината, вели Емил Алексиев, кустос, ликовен критичар.

Уметноста ги спојува луѓето. Желбата за славење на убавината и величење на креацијата ги спои Умно.мк и Фрида.мк. Денес е Светски ден на уметноста, а таа ја храни креативноста, иновацијата и културната разноликост за сите луѓе во светот и игра важна улога во споделувањето на знаењето и охрбарувањето на љубопитноста и дијалогот. УНЕСКО го охрабрува секого кој сака да се придружи преку различни активности како дебати, конференции, работилници, културни настани и презентации или изложби.
Frida.mk континуирано ги поддржува ликовните уметници, не само на овој ден. Ви издвојуваме неколку дела на македонски уметници и што за нив претставува уметноста.

Никола Пијанманов

– Делата поставени на изложбите се како запалени свеќи, луѓето доаѓаат со своите кандила и пламенот само се зголемува, светлината станува голема. Тоа е оган кој не догорува.

Никола Пијанманов – „Пред бурата“

Шќипе Мехмети

– За уметникот е исклучително важно да ја има слободата непречено да го истражува сопствениот свет, да има свое време и свој простор заштитен од секојдневните предизвици на животот.

Шќипе Мехмети

Ивана Настески

– Уметноста не е лесна, а најмалку едноставна работа, но затоа е многу благородна. Уметникот создава и гради светови.

Мирјана Крстевска-Масетти

– Уметноста претставува ангажиран контемплативен процес кој зборува за едно постоење во времето како димензија. Уметноста за мене е начин на живот.

Стефан Младеновски

– Сакам да останам активен на нашата македонска ликовна сцена и да придонесам за одржување на квалитетот на истата, секако, ако моето творештво во иднина се препознава како такво.

Стефан Младеновски – „Невреме“

Ана Трајковска

– За мене е многу важно да создавам нови дела и публиката што ме следи да се почувствува како дел од моите слики и процеси на размислување.

 

Сподели