Изложба на Благој Мицевски на костими инспирирани од кимоно

„Кимоно инспирации“ e насловот на изложбата на реномираниот костимограф и режисер Благој Мицевски на 10 мај ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје.

Изложбата, која претходно беше поставена во Битола, содржи костими инспирирани од јапонското традиционално кимоно дизајнирани за претстави на Народниот театар во Битола, но и кимона кои се направени за изложбата.

Изложбата е поддржана од Јапонската амбасада, а е во организација на „Пагода“.

„’Кимоно инспирации’ претставува одличен приказ за тоа како јапонската култура директно ја инспирира креативноста на македонските уметници и творци“, велат организаторите.

Изложбата ќе трае до 14 мај.

Сподели