Златник со ликот на Кирил и Методиј за 23 најдобри студенти на УКИМ

Вкупно 23 студенти од исто толку факултети на скопскиот универзитет „Св.Кирил и Методиј“ добија награди за првенци на генерација. Наградите им се доделуваат на студенти кои додипломските студии ги завршиле во рок и со просечна оценка најмалку 9, врз основа на предлозите од факултетите на УКИМ. Наградата се состои во паричен износ која ја определува ректорот и златник со ликот на Кирил и Методиј. Годинава наградата ја добија: Моника Шаревска од Машинскиот факултет; Стефан Неделковски од Медицинскиот; Бојан Софрониевски од ФЕИТ; Јелена Спиревска од Филозофскиот; Андреј Стојановски од Филолошкиот факултет; Ана Гаштаровска од ФМУ; Антонио Андоновски од ПМФ; Стефан Божиновски од ФЛУ; Милена Трајаноска од ФИНКИ; Вероника Стојановска од Технолошко-металуршкиот; Ники Петрески од Шумарски факултет; Марина Главче од Економскиот; Зорана Антовска од Правниот факултет; Симона Цветковска од Земјоделскиот; Нена Гонтарева од Факултетот за физичко образование; Кристина Главче од Педагошкиот факултет; Елена Настеска од Архитектонскиот; Јована Спасиќ од ФДУ; Марко Ѓорѓиески од Градежниот факултет; Ева Ристова од Факултетот за дизајн и технологии на мебел; Христина Љокова од Стоматолошкиот факултет; Симеон Здравески од Православниот богословски факултет и Емилија Митревска од Фармацевтскиот факултет.

Шеспина студенти добија и награда „26 Јули“ во износ од 15.500 денари што ги доделува Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија, а се доделува на најдобри студенти од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите кои во текот на студирањето имаат просечен успех од најмалку 8. Наградата оваа година ја добија: Анита Иванова од Филолошкиот факултет; Ристо Савески од Филозофскиот факултет; Стефан Божиновски од ФЛУ; Марина Главче од Економскиот факултет; Зорана Антовска од Правниот и Фросина Станковска од Архитектонскиот факултет.

Сподели