По 28 пат синоќа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“. Смеа, музика, оддавање почит на најдобрите за изминатата година, како и на неколкумина што оставиле трајни вредности на културната и забавната сцена во земјава. Водители и годинава беа Сашко Коцев, Тино Костадиновски и Жарко Јовановиќ.
Меѓу музичарите, настапија: Сашо Гигов – Гиш, Ана Петановска, Сузана Спасовска, Дарио, Казухиро Котецу, Калиопи, Игор Џамбазов, групата „Меморија“ и други.
Ова е листата на сите наградени:
- Најпопуларен оркестар – Битолски камерен оркестар
- Најперспективна млада пејачка – Ана Петановска
- Театарска престава за деца и младинци – „Роња – ќерката на ограбувачот“
- Животно дело – Перо Христов
- Трајни музички вредности – Дарио
- Награда за 30 години јубилеј – К-15
- Трајни вредности во уметноста – Миро Масин
- Хит на годината – Некст тајм & Слаткар – Океани
- Трајни музички вредности – Сузана Спасовска
- Спортска легенда – Илија Најдоски
- Амбасадор на македонската култура – Казухиро Котецу
- Етно концерт – Ансамбл Стефче Стојковски
- Поп концерт – Калиопи
- Пејачка – Калиопи
- Албум – Калиопи
- Актерка – Дарја Ризова
- Актер – Ѓорги Јолевски
- Театарска претстава – 12, МНТ
- Животно дело – Муарем Сербезовски
- Писател – Тихомир Јанчовски
- Рок група и рок концерт – Меморијa
Фото: Слободан Ѓуриќ





