„Златна бубамара“: Tри награди за Калиопи, „12“ – најдобрa претстава, Миро Масин – трајни вредности во уметноста  

По 28 пат синоќа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“. Смеа, музика, оддавање почит на најдобрите за изминатата година, како и на неколкумина што оставиле трајни вредности на културната и забавната сцена во земјава. Водители и годинава беа Сашко Коцев, Тино Костадиновски и Жарко Јовановиќ.

Меѓу музичарите, настапија: Сашо Гигов – Гиш, Ана Петановска, Сузана Спасовска, Дарио, Казухиро Котецу, Калиопи, Игор Џамбазов,  групата „Меморија“ и други.

Ова е листата на сите наградени:

  1. Најпопуларен оркестар – Битолски камерен оркестар
  2. Најперспективна млада пејачка – Ана Петановска
  3. Театарска престава за деца и младинци  – „Роња – ќерката на ограбувачот“          
  4. Животно дело – Перо Христов
  5. Трајни музички вредности – Дарио
  6. Награда за 30 години јубилеј – К-15
  7. Трајни вредности во уметноста – Миро Масин
  8.  Хит на годината – Некст тајм & Слаткар – Океани
  9. Трајни музички вредности – Сузана Спасовска
  10. Спортска легенда – Илија Најдоски
  11. Амбасадор на македонската култура – Казухиро Котецу
  12. Етно концерт – Ансамбл Стефче Стојковски
  13. Поп концерт – Калиопи
  14. Пејачка – Калиопи
  15. Албум – Калиопи                                           
  16. Актерка – Дарја Ризова
  17. Актер – Ѓорги Јолевски                                                                 
  18. Театарска претстава – 12, МНТ                                                        
  19. Животно делоМуарем Сербезовски
  20. ПисателТихомир Јанчовски
  21. Рок група и рок концерт – Меморијa

Фото: Слободан Ѓуриќ

Сподели