Жан Пол Белмондо, легенда и еден од носителите на „Новиот бран“ во францускиот филм почина вчера на 88 години. Кариерата ја почнал во 1953 година како театарски актер. Првиот краток филм „Молиер“ го снимил во 1956. Во шеесетите ја почна соработката со маестралниот режисер Жан Лик Годар, меѓу кои и култниот „Без здив“. Во текот на долгогодишната кариера толкуваше околу 80 улоги, а голем дел од нив оставија силен белег во француската и светската кинематографија.





