Вонвременски концерти на Dead Can Dance во Скопје (фотогалерија)

Култните Dead Can Dance одржаа два незаборавни концерти во салата на Филхармонијата, синоќа и завчеравечер (23 и 24 март), како дел од нивната европска турнеја. Многу генерации го чекаа денот за да го слушнат во Скопје авангардниот и мистичен звук, кој обединува многу жанрови на австралиското дуо Лиса Џерард и Брендан Пери, заедно со своето музичко засилување. Гостувањето во Скопје на Dead Can Dance беше во рамките на фестивалот „Таксират“, што го организира Password Production.

Ви споделуваме фотогалерија на авторката Татјана Ранташа.

Сподели