Во Младинскиот културен центар во Скопје, вечерва во 20 часот ќе се одржи тематско поетско читање „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“. Ќе настапат поетите Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија и избраниот/избраната на „Отскочна даска“. Ќе ги придружуваат џез-музичарите Шамба и Сол.
Настанот се одржува во рамките на 2. Скопски поетски фестивал што ќе трае до четврток.





