Втората конференција „Наука за деца“ ќе се одржи во сабота (7 октомври) во училиштето „Нова“ во Скопје, а ја организира Фондацијата „Кантарот“. Конференцијата е наменета за деца од 7 до 12 години, а ќе почне во 9.30 часот.
– Ќе имаме серија работилници за светот на оптичките илузии и магијата на веројатностите; изложба на детски цртежи на тема „Научна фантазија“; доделување награди и признанија за најкреативните деца и најинспиративните наставници. Со други зборови, цел ден научна забава и забавна наука – вела од „Кантарот“.
Заинтересираните треба да ги пријавата своите деца на , каде може да се информираат за програмата. За учеството на децата не се плаќа, но доброволно може да донирате на жиро сметката на Фондација „Кантарот“: 250-0010051639-69 (Шпаркасе банка).





