„Дневникот на среќа“ е најновиот производ на брендот Imaginarium Journals кој од утре е во продажба. Изданието е достапно во неколку бои.
– Со голема радост ви го најавуваме нашиот најнов производ! Следете го вашето расположение, запишете ги среќните моменти на денот кон кои ќе може да се свртите кога небото ќе се наоблачи и намршти, визуелизирајте ги вашите желби и многу повеќе – вели Катарина Пренда, графички дизајнер и креатор на целата линија Imaginarium Journals.

Во кретивните изданија нема да најдете само планери и тефтери, туку нешто многу повеќе – дневник, потсетник, место за инспирација, за скицирање и цртање, каде ќе си го планирате времето, ќе меморирате нешто што ви оставило впачаток во денот, во животот. Со оглед на тоа што се вешто избегнати годишните календари, изданијата се безвременски.





