Во поудобни столчиња и амбиент публиката на Театар Комедија ќе ја дочека 10-та премиера годинава

Со здружени сили на Министерството за култура и туризам и Амбасадата на Полска во земјава, преку програмата „Полска помош“ на Владата на Република Полска, Театар Комедија доби ново гледалиште. Набавени и монтирани се 305 нови, модерни столчиња, како и современ ПВЦ-под. Во петокот, на 28 ноември публиката веќе можеше да гледа претстава во поудобен амбиент. Премиерно беше изведена претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“, по текст на Витолд Гомбрович, а во режија на Билјана Радиноска. Корежисер на претставата е Александар Ивановски.

Претставата е реализирана со финансиска поддршка од нашето Министерство за култура и туризам, Амбасадата на Полска во Скопје и Институтот „Адам Мицкиевич“ од Полска, во рамките на Годишната програма за култура за 2025 година.

За реновирањето на гледалиштето, Министерството за култура и туризам одвои 5.3 милиони денари. Вкупната вредност на проектот беше 9 милиони денари, од кои 2 милиони се донација на полската амбасада во земјава и „Полска помош“.

Амбасадорот на Република Полска, Мариуш Бримора и Дарко Спасов, директор на Театар Комедија

– „Ова не е само обновување на столчиња. Ова е обновување на довербата, на енергијата и на достоинството на културата. Кога државата, пријателските земји и културните институции се на иста страна, резултатите се видливи, конкретни и непосредно ја подобруваат културната понуда за граѓаните. Со оваа инвестиција по повеќе од шест децении, конечно се стави крај на неудобното седење во театарот, рече министерот Љутков.

Сцена од „Ивона, принцезата на Бургунд“

Во текот на оваа година, Театар „Комедија“ реализира 10 премиери и околу 120 изведби, кои ги проследија приближно 33.000 гледачи. На 2 декември следува и нова премиера на претставата „Анна“ по текст на Драгана Лукан Николовска.

Сподели