Уметницата Бурџу Мусли ќе ја претстави својата нова изложба Abla’s Hands, поставена од вечерва во 20 часот во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Изложбата опфаќа фотографии, објекти и сценски поставки, создадени со цел да се истражи женската присутност, телесност и лични приказни. Овие елементи се поставени во внимателно создадени визуелни ситуации кои ја комбинираат реалноста со симболичка претстава.
Појдовна точка на проектот е невидливата психолошка динамика со која жените секојдневно се соочуваат, наметнати улоги и општествени конструкции што го одредуваат нивниот „прифатлив“ идентитет. Иако физичкото насилство сè повеќе се препознава во јавниот простор, психолошкото насилство сè уште останува скриено, стишано и често непрепознаено – дури и од самите лица што го доживуваат.
Abla’s Hand ги претставува жените кои им пркосат на овие наративи и ја чуваат својата автентична сила, емпатија и издржливост.





