Слобода од силеџиство, Во овој систем сите „грешки“ се намерни, Ручеку направи се сам оти останаа гладни, Чирибу-чириба, еднаквоста е едноставна, И девојките се суперхерои, Нека јадат ружи… Ова се само дел од транспарентите на вчерашниот протест по п0вод Меѓународниот ден на жената, 8. Март.
На Меѓународниот ден на жената се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата е од почетокот на 20 век. Првиот Ден на жената бил одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910, под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.
Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.
Фото: Маја Јаневска-Илиева / преземено од Ppj.mk














