„Горановото катче“ – во Кентербери поставена клупа на Горан Стефановски

На Универзитетот „Крајстчрч“ во Кентербери поставена е клупа на Горан Стефановски, наречена „Горановото катче“. Поставена е среде растенија од Македонија, пред катедрата каде што предаваше. Клупата е донација од малата група Македонци во Обединетото Кралство, во соработка со факултетот и Патриша, сопругата на нашиот најпознат современ драматург.

Фото: Здружение за промоција на културното наследство на Горан Стефановски

Сподели