Пред педесетина археолози, историчари на уметност, заштитувачи на културното наследство и почитувачи на културата вчера беа одбележани десет години од отворањето на Архео-паркот Бразда кај Чучер-Сандево, Скопско. Воедно беше откриена и спомен плоча во чест на археологот и прфесор, д-р Др. Иван Микулчиќ, пронаоѓачот на владетелската гробница од 5 век пред новата ера.

– Идејата започна од група тогашни студенти кои имаа желба, монументалната владетелска гробница од 5 век п.н.е. да ја уредат и да ја претворат во туристичка атракција. Здружението Онститут за археолошки истражувањата од Скопје во партнерство со Музејот на Македонија, а поддржано од АД ЕЛЕМ преку својата програма за општествена одговорност излезе на терен за да ја смени сликата за ова значајно културно наследство. Архео-паркот Бразда стана нова туристичка атракција во непосредна близина на главниот град, а воедно и континуирано ќе придонесува за развој на туризмот во рурална средина. Приказната трае веќе цела деценија и се надеваме на уште успешни години – рекоа организаторите.

На настанот присутвуваа претставници од на Археолоши музеј, Министерството за култура, Градоначалникот на општината Чучер-Сандево, Сашко Комненовиќ, вработени од другите културни установи, соработници и пријатели. Проектот е финансиран од годишната програма за култура на Министерство за култура, во соработка со Археолошкиот музеј.










