По секоја изведба на „Син“ си одиме дома и си ги гушкаме децата

Петмина актери од Камерниот театар 55 раскажуваат приказна за семејството, за депресивниот тинејџер, растргнат меѓу разведените родители, раскажуваат приказна за луѓето кои не прават ништо друго освен што се обидуваат да ги најдат вистинските зборови – oва е кратко резиме на содржината на претставата „Синот“, што ќе гостува вечерва во 20 часот ов Драмски театар. Драматург на претставата е Ведран Фајковиќ. Претстаавата е во продукција на „Камерниот театар 55“.

Добрата претстава, верувам, е претставата по која имате потреба да разговарате, да поставувате прашања, да анализирате и да дискутирате. По оние претстави што се извонредни може и долго да се молчи, да се седи во тишина, исто како по молитва, медитација или голема загуба. „Син“ е токму такво парче уметност, кое нѐ повикува на долга тишина и молк, но и на простување, смеа и плач, пишува Алми Имширевиќ.

-Дино Мустафиќ е режисер кој знае дека театарот е простор (и време) во кое имате можност, и привилегија, да се ставите во туѓата кожа, да прифатите туѓите искуства да станат ваши. Простор за емпатија. Простор во кој човечките емоции се секогаш поважни од фабулата или самиот след на дејства и изговарање на репликите. Раскажувањето на приказната, и покрај оган, како и она покрај поспаното дете, се чини магично, а токму таква магија создава актерскиот ансамбл на Камерниот театар 55, во претставата „Син“. Гледањето на претставата, исто како и кога се чита книга, ни овозможува да бидеме јунаци, во туѓите чевли да осетиме радост, болка, љубов, страдање, страв, тага, осаменост… А оваа претстава ни дава прилика да бидеме, по сопствена желба и одлука, синови, татковци и(ли) мајки.

-Во цела трилогија на Зелер се зборува за семејството, а дали е на Балкан или на Запад, проблемите се секаде исти. Дете се обидува да го привлече вниманието на своите родители на погубен начин. Оваа претстава го отвора прашањето дали доволно разговараме со нашите деца, дали имаме искрен однос со нив. Статитистиката во Босна вели дека од 100 брака, 70 завршуваат со развод и верувам дека е слично и кај вас. Публиката многу емотивно реагира на претставата и ние остануваме и по два часа по изведба да разговараме. Нешто што е многу важно, по претставата сите сакаме да си одиме дома и да ги гушнеме нашите деца, без разлика колку години имаме и имаат тие – истакна денес на прес-конференција актерот Адмир Гламочак.

Давор Голубовиќ истакна дека во создавањето на улогата се водел по своето искуство, се навратил на своите 17 години.

Актерот Амар Селимовиќ истакна дека се размислувало целата трилогија Татко, Мајка, Син да се изведува во една вечер, меѓутоа, како што кажа тој „тоа би било преемотивно за публиката“.

 

Сподели