Влатко Стефановски: Мојата прва опсесија се музиката и гитарите, а втората – автомобилите и превозот

„50 години, две легенди“ е искрена и симболична приказна за едно старо пријателство што продолжува со нова енергија. Две различни, но длабоко слични патувања – едното на сцената, другото на патот – повторно се сретнуваат,
заеднички славејќи половина век посветеност, автентичност и бескомпромисен квалитет. Во чест на петдеценискиот јубилеј – 50 години од појавувањето на BMW Серија 3 и 50 години од музичката кариера на Влатко Стефановски, M Кар BMW Македонија и Влатко Стефановски го одбележаа своето долгогодишно пријателство и доверба.

Во 2019 година, Влатко создаде автентично звучно лого инспирирано од BMW Серија 3, а денес, неколку години подоцна, оваа уметничка поврзаност добива нова форма – BMW Серија 3 Touring станува негов секојдневен придружник на
претстојните патувања низ светот.
Во своето обраќање, Стефановски ја сподели својата лична приказна за поврзаноста со BMW, искуството со М Кар и важноста на квалитетниот автомобил во животот на еден музичар.

„Во 2018 година, за првпат земав BMW и од тој момент почна нашата соработка со М Кар. Искрено, се заинтересирав не само за автомобилите, туку и за целата компанија и луѓето што работат таму. Оттогаш, па сѐ до денес – навистина немам
никаква забелешка, ни на автомобилите, ни на односот, ни на поддршката што ја добивам. Ние музичарите имаме свои опсесии – мојата прва е музиката и гитарите, а втората – автомобилите и превозот. Многу е важно да се возиш во безбеден, сигурен и квалитетен автомобил, особено кога патуваш низ регионот или Европа. Откако почнав да возам BMW, станав свесен што значи вистинско искуство во возењето – тоа не е само начин да се стигне од точка А до точка Б, туку привилегија и уживање во секој километар“, истакна Стафановски.

Генералниот директор на „BMW М Кар Македонија“, Марко Јовановски, ја нагласи симболиката на заедничката соработка со Влатко Стефановски и значењето на јубилејните приказни што се спојуваат во една целина.

„Нашето старо пријателство со Влатко денес добива ново поглавје. Цениме дека 50 години од музичката кариера на гитарскиот виртуоз и 50 години од најуспешната BMW Серија 3 заслужуваат заедничка приказна. Овие јубилеи се основа за потсетување на едно емотивно патување низ пет децении – и на сцената, и зад управувачот. Патување што покажува дека квалитетот, страста и посветеноста се вредности што траат – и во автомобилската индустрија, и во музиката.
Годинава одбележуваме уште еден значаен јубилеј – 10 години континуирано присуство и успех на „BMW М Кар Македонија“ како официјален застапник на BMW и MINI. Нашето лојално BMW семејство постојано расте, а еден од најдрагоцените успеси е токму оваа посебна соработка со Влатко. Од 2018 година Влатко е дел од
нашата BMW фамилија, а денес со задоволство ја објавуваме новата етапа од тоа пријателство – каде тој повторно ќе ги освојува сцените со BMW Серија 3 Touring како свој верен сопатник“, изјави Јовановски.

BMW Серија 3 е најдобро продаваната линија на BMW чија продажба акумулира околу 30% од годишната продажба на BMW возила на глобално ниво. Досега се продадени повеќе од 16 милиони примероци од BMW Серија 3 ширум светот, што ја прави најпродаваниот модел во историјата на BMW. Истата успешна приказна продолжува и во Македонија, каде BMW Серија 3 е убедливо лидер во својата класа за 2024 година.

BMW Серија 3 – од самиот почеток до денес – е повеќе од автомобил: таа е срцето на брендот, симбол на континуитет, страст и препознатлива динамика.
Во рамки на јубилејната година, компанијата М Кар BMW Македонија спроведува специјална кампања – подарок опрема во вредност од 10.000 евра за купувачите на BMW Серија 3, како дел од прославата на 50 години BMW Серија 3 и 10 години посветеност на македонскиот пазар.

Сподели