Концерт на ФИН проект и Тања Царовска

Никола Стојковски (ФИН проект) и Тања Царовска ќе го промовирааат својот нов музички албум „Егрегор“ вечерва во 21 часот во „Кафе Литература“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. Специјални гости на концертот ќе бидат: Петар Христов (саксофон и кларинет), Горан Трајкоски-Готра и Билјана Петровска (пијано).

Албумот „FIN Project Orchestra“ е издаден во декември 2022 година од М-Сол Рекорд и е поддржан од Министерството за култура. Следуваше „FIN Project – Contemplation“ кој е издаден во јануари 2024 година. Музичкиот материјал на албумот е подготвен во соработка со кларинетистот Петар Христов. А, како последно издание во 2024 година, FIN Project во соработка со светски реномираниот композитор и продуцент на извонредната Лиза Жерар, Марсело Ди Франсиши, го објави „Indie Monastery – One Big World (remixes)“ каде како вокален интерпретатор се појавува иранската дива Бахар Шах.

 

Сподели