Велосипедистите Дуња Иванова и Љубиша Кондев од скопскиот клуб „Енерџи“ се македонските претставници на трката „4 Острови“ што ќе се одржува од 19 до 23 април во Хрватска. Заедно со34 тимови од целиот свет во категоријата ,,мешани парови“ тие ќе се натпреваруваат на престижната маунтинбајк етапна трка. Велосипедските екипи во пет последователни денови ќе ги спротивстават силите на немилосрдните патеки на островите Крк, Раб, Црес и Лошињ изминувајќи должина од вкупно 272 километри со 5.890 метри висинско искачување.
Етапната трка „4 Острови“ за прв пат годинава е под називот на серијата натпревари ,,Епик“ кој претставува премиум бренд во организација на маунтинбајк натпревари на светско ниво.





