Старата скопска чаршија вчера ја обзеде убава енергија. Опуштена атмосфера, добра музика, уметнички дела на новите генерации ликовни уметници. Во чест на Светскиот ден на уметноста во Сули ан беше отворена изложбата на дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности кои се претставија со слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела. Во дворот и на терасата на горниот кат свои дела изложија: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, Никола Станковски, Валон Идризи, Ванеса Ода, Филип Ристевски, Мартин Калков, Мартин Буровски, Сихана Сејфулаи, Благица Трајкоска, Стефан Божиновски, Марко Печеновиќ, Марија Јаќовска, Теона Милева, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Сара Митковска, Габриела Живковска, Теодора Андоноска, Ева Симевска, Елена Стојкова, Симона Трајановиќ, Ангела Манчевска и Ивана Секулоска.

Се одржаа и проекции на студентски филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности, ФЛУ и Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Беа прикажани: „Филм за Марјан Величковиќ – Мачор“ од Тина Величковиќ, „Автопортрет“ од Розе Симоновска, „Тука сум“ од Стефан Божиновски и „Малечка“ од Ана Андонова.

Стефан Божиновски, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Габриела Живковска, Ева Симевска, Сара Митковска, Евгенија Трајковска и Теона Милева го изведоа концептуалниот перформанс „Графичарски експонати“ кој го посочи чувството на студентите за време на својата работа во печатницата, која како дел од просторот на Сули ан често ја посетуваат љубопитни минувачи.

Еднодневната програма во чест на Светскиот ден на уметноста ја организира Europe House Скопје.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.