Вечер на слем поезија во Гевгелија

Македонски слем поети и поетеси од различни генерации со своите перформанси ќе бидат дел од вечерта посветена на слем поезијата вечерва во 19 часот во хотел „Аполонија“ во Гевгелија. Ќе настапуваат: Миланчо Пендев, победникот на 13. Национален слем-натпревар, второпласираниот Виктор Спасески, третопласираната Валерија Танчевска, како и Игор Трпчески, Елена Пренџова, Тихомир Јанчовски, Димитар Арнаудов.

На настанот ќе има и музичка поддршка со настап на Методија Костоски, а влезот е слободен. Читањето на слем-поезијата го организира Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија.

Сподели