Македонското културно наследство преку тактилна изложба го запознаа ученици од Хрватска

Со „Мултисензорна изложба во 2Д и 3Д“, Заводот и музеј од Битола гостуваше во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. На изложбата беа претставени тактилни копии од месинг од музејски експонати, тактилни слики, текстови на Брајово писмо и аудио описи за предметите, подготвени на хрватски јазик. Изложбата е во рамките на проектот „Пристапно наследство за сите“. Раководителка на проектот е Д-р Ирена Ружин. На настанот присуствуваа претставници од ЦОО „Винко Бек“, Тања Парлов, професорка по ликовна уметност во оваа специјална установа, Ивана Шалковиќ, раководителка на одделот за млади.

– Излоѓбата ја посетија и улениците кои и покрај дождливото невреме со голем интерес пристигнаа на работилницата. Тие присуствуваа и на свеченото отварање на изложбата, го истражија презентираниот материјал и изразија голема желба да посетат некој македонски град. Се радуваме и на присуството на заинтересираните уметници и секако на возрасните лица со оштетен вид како и колегите од музеите во Загреб – вели Ружин.

Во реализацијата на проектот помогнале и амбасадорот Милаим Фетаи и директорката на КИЦ во Загреб, Наталија Поповска.

На проектот табптел тимот: М-р Јове Парговски, автор на тактилни слики и изработка на НФЦ тагови, м-р Моника Нолева дизајн и изработка на цртежи, Кирче Арсовски – тактилни копии од месинг, Неда Маретиќ – наратор на хрватски јазик, Андријана Шокларовска – текст на хрватски јазик на Брајово писмо, Студио Гимел – Мими Марковски и кустосите кои направиле описи на предметите: Јасмина Гулевска, Енгин Насух, Владо Ѓоревски, Ефросинија Паревска и Јове Парговски. Проектот е поддржан од нашето Министерство за култура во рамки на годишната програма.

Сподели