Васил Михаил и Слободан Боби Ѓошиќ ќе ја доближат народната и антологиска поезија во КИЦ Софија

„Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија“ е насловен настанот што ќе се одржи вечерва во 18.30 часот во Македонскиот Културно-информативен центар во Софија. Ќе учествуваат актерот и режисер Васил Михаил и музичарот – гитарист Слободан Боби Ѓошиќ. Тие пред публиката ќе претстават избрана македонска поезија и ќе ја претстават во форма на поетски театар.

Васил Михаил е роден 1979 година во Струмица. Актерското образование го завршил на НАТФИЗ ,,Крсто Сарафов” во 2001 година. Специјализирал во повеќе театарски области, а 2020 година магистрирал филмска режија во Скопје. Најпознат е како актер, но неговата кариера е проткаена и со бројни режии и драмски текстови и сценарија. Добитник е на повеќе награди дома и во странство.

Слободан Боби Ѓошиќ е роден 1976 година во Гевгелија. Дипломира во Штип на ФМУ отсек џез музика – гитара. Магистерски студии завршува во класата на проф. Антонијо Китановски. Работи во Центарот ,,Антон Панов” – Струмица во секторот за музичко-сценска дејност. Свири класична, џез и македонска традиционална музика, како и чалгиска, каде користи и сопствени аранжмани.

Сподели