Уште една престижна награда за д-р Светлана Мојсов

Д-р Светлана Мојсов и нејзините колеги д-р Џоел Хабенер и д-р Лоте Бјере Кнудсен добиј уште една престижна награда за наука што ја доделува организацијата Пријатели на Националната медицинска библиотека. Ним и уште на тројца други научници наградите ќе им видат врачени на свечена церемонија на 8 септември годинава, во историскиот хотел „Вилард интерконтинентал“ во Вашингтон.

– Овој врвен настан ќе ги собере лидерите од медицинските, библиотечните и истражувачките заедници за да го препознаат извонредниот придонес во медицинската наука, јавните услуги и пристапот до здравствени информации – велат организаторите.

Д-р Џоел Хабенер, д-р Светлана Мојсов и д-р Лоте Бјере Кнудсен ќе ја добијат наградата за истакнати медицински науки за 2025 година за нивниот револуционерен придонес во развојот на пептидот 1 (GLP-1) сличен на глукагон со што го трансформираа третманот на дијабетес тип 2, помагајќи им на милиони луѓе ширум светот.

Сподели