Инклузивна работилница за лицата со попреченост организира Здружението „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина Полог-Гостивар“ како дел од проектот културна интеграција и културна стратификација на заедниците во Гостивар финансиран од Министерството за култура во рамките на годишната програма на проекти од национален интерес.
Низ работилницата лицата со попреченост имаат можност да се запознаат со вештините на уметничкото изразување, односно, ликовната уметност и да изработат свои уметнички дела кои ќе бидат изложени во Ресурсниот центар на родители со децата со посебни потреби во Гостивар.

По завршување на активностите во рамки на ресурсниот центар ќе продолжи да функционира уметничко катче во кое лицата со попреченост ќе имаат можност да ги развиваат своите вештини и ја реализираат својата имагинација на уметничкото платно.
Од Здружението не го кријат своето задоволство што била препознаена нивната идеја на лицата со попреченост им се овозможи да добијат ваков тип на рекреација и можност да уметничко изразување кое ќе има долгорочен карактер.





